12 пожари до 13 часот — пет активни, еден под контрола, шест изгаснати
ЦУК: До 13 часот регистрирани се 12 пожари — пет активни, еден под контрола и шест изгаснати.

Центарот за управување со кризи информира дека до 13 часот на отворен простор регистрирани се вкупно 12 пожари, од кои пет се активни, еден е под контрола, а шест се изгаснати.
Во моментов се активни пет пожари. Во Општина Студеничани е зафатен просторот меѓу селата Моране, Вртекица и Рамни Габер — настанот се шири во мешана шума. Во Општина Македонски Брод се гори на м.в. Видуш, кај селата Драгов Дол и Локвица, со зафат на ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки.
Во северниот дел има два пожара: во општините Јегуновце и Сарај се регистрирани огнови кај селата Копанце и Туденце со проширување кон селото Бојане (мешана шума). Во Општина Старо Нагоричане избувнал шумски пожар кај селата Орах, Диманце и Руганце, при што е зафатена и куќа. Исто така, активен пожар има и во Општина Прилеп кај селото Чаниште (ниска вегетација).
Пожар под контрола и вече изгаснати пожари
Пожарот кај депонијата во Општина Делчево е ставен под контрола. Изгаснати се пожарите во Општина Брвеница: с. Милетино (ниска вегетација); Општина Кратово: с. Железница (депонија); Општина Ранковце: с. Ветуница (ниска вегетација); како и во општините Велес и Зелениково: с. С'лп, м.в. Горно Село со проширување кон с. Карабуниште и с. Бузалково, и кон селата Добрино и Тисовица (ниска вегетација, дабова и габерова шума и квалитетна дабова шума).
Исто така, изгаснати се пожртите во Општина Студеничани во селото Батинци (ниска вегетација) и во Општина Зелениково: с. Палиград (ниска вегетација и шума), додаваат од ЦУК.
Надлежните продолжуваат со мониторинг на активните жаришта и координација на интервентните тимови, додека локалните единици и пожарникарите работат на спречување на ширењето кон населени места и критична инфраструктура.
Фото: прес-материјал од настанот