Почетна
Македонија

21-годишен мотоциклист загина на патот Радишани кон Побожје

Мотоциклист на возраст од 21 година почина на самото место по судир меѓу автомобил и мотоцикл на патот Радишани–Побожје.

·Македонија
21-годишен мотоциклист загина на патот Радишани кон Побожје

Попладнево на патот од Радишани кон Побожје загина мотоциклист на возраст од 21 година, при сообраќајна незгода во која учествувале автомобил и мотоцикл.

Според првичните информации, момчето починало на самото место.

Информацијата ја потврди доктор Драган Панов, раководител на смена во Итна медицинска помош – Скопје.

„По пристигнувањето на наша екипа, констатирана е смрт на самото место, без витални знаци на живот“, изјави доктор Драган Панов.

На местото на настанот интервенираа екипи на итната медицинска помош, а полицијата го обезбеди местото додека трае увидот.

За сега не се објавени дополнителни детали за идентитетот на загинатиот или за причината за несреќата; очекуваат се дополнителни информации по завршувањето на истрагата.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи