Почетна
Политика

36 амандмани за три ипол децении, нови уставни предизвици пред Македонија

На 35-годишнината од првиот Устав, државните челници повикаа на парламентарен дијалог и експертски консензус пред нови измени.

·Политика
36 амандмани за три ипол децении, нови уставни предизвици пред Македонија

Уставот повторно се најде во фокусот на политичката сцена: по 36 амандмани во три и пол децении, идејата за нови измени се враќа како одговор на притисок однадвор. Во Собранието денеска се одбележаа 35 години од осамостојувањето и донесувањето на првиот Устав, а темата за уставните промени го зазеде централното место на говорите.

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова потсети на претходните уставни интервенции и истакна дека 15 амандмани биле предложени одвнатре, како дел од домашната уставна практика.

Таа го повика парламентот, властa и опозицијата да пристапат дисциплинирано и институционално кон секое прашање за измена, со вклучување на експерти и соработка во Комисијата за уставни прашања.

Дијалогот и притисокот однадвор

„Па, еве и во поглед на прашањето коешто се поставува сега за потребата којашто повторно доаѓа однадвор за уставните измени – мирно, во уставната комисија, власт и опозиција, со сите аргументи за и против, со експертски ставови и мислења да дојдеме до заедничко решение. Ова е вашиот дом, ако не се почитувате меѓусебе, домот нема фда функционира.“

Од говорницата на Собранието, спикерот Африм Гаши упати порака за одговорност кон Уставот и за потребата Собранието да биде место за дијалог и консензус, наместо арена за судири: „Од нас се очекува континуирано да вршиме проценка и преиспитување на односот меѓу државата и општествената реалност од една страна и уставноправното уредување од другата страна. Сметам дека никогаш не треба да ни недостига подготвеност за натамошно унапредување и подобрување, вели Африм Гаши – Претседател на Собранието на РС. Македонија"

Во однос на дијалогот со Бугарија и дипломатските контакти, Сиљановска – Давкова не даде конкретни индикации за поместување, но потврди дека се водеа разговори со највисоки претставници на Европската унија. Таа порача дека Македонија е подготвена за дијалог со соседот и дека барањата на земјата се насочени кон обезбедување извесност и гаранции — а не кон радикални промени — за да не се отвори нов круг на дополнителни барања по евентуални уставни измени.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи