Почетна
Спорт

50. Меморијал „Бранко Хаџииљоски – Чајка“ прераснува во Суперкуп на ОФМ

Од ова јубилејно издание турнирот ќе стане годишен Суперкуп, кој на 7 октомври ќе ги собере најдобрите машки и женски клубови во Тетово.

·Спорт
50. Меморијал „Бранко Хаџииљоски – Чајка“ прераснува во Суперкуп на ОФМ

Еден од најстарите и најконстантните настани во македонскиот одбојкарски календар, меморијалниот турнир „Бранко Хаџииљоски – Чајка“, оваа година ја прославува јубилејната 50. издание и од оваа година преминува во национален Суперкуп во соработка со Одбојкарската федерација на Македонија (ОФМ).

Организаторите – семејството на Хаџииљоски, кои го носат името на легендата, заедно со Федерацијата одлучија јубилејното издание да означи и промена на формулата: турнирот ќе продолжи како годишен Суперкуп, под името „Бранко Хаџииљоски Чајка“ Суперкуп, кој ќе се игра пред почетокот на новата сезона.

Ивица Хаџииљоски, син на легендата и актуелен потпретседател на ОФМ, го образложи потегот и го оцени влогот на турнирот низ годините.

„ По пет децении одржување на турнирот донесовме заедничка одлука со Федерацијата од ова јубилејно издание истиот да премине во Суперкуп, кој ќе го носи името ‘Бранко Хаџииљоски Чајка’ Суперкуп. Низ годините бевме сведоци дека овој турнир беше ставен во функција на националните тимови, се одржуваше и на клупско ниво, мажи и жени, ветерани… Мислам дека преминот во Суперкуп ќе претставува сублимат на најдоброто на домашната сцена и во машка и во женска конкуренција“.

Програма на 7 октомври

50. јубилеј на турнирот „Чајка“ ќе се одржи на 7 октомври (среда) во салата на Средното економско училиште „8. Септември“ во Тетово.

  • 17:00 – Суперкуп во машка конкуренција: ланските финалисти во првенството и во Купот, Штип УГД против ГОК Борец.
  • 19:30 – Женски Суперкуп: шампионот Работнички Скопје против освојувачот на Купот на ОФМ 2026, Вардар ЕМ.

Организаторите најавуваат дека новиот формат има за цел да го собере и да го истакне најдоброто од домашната одбојка и да остане како традиционален натпревар за отворање на сезоната и во машка и во женска конкуренција.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи