АФД достигна рекордни 30% — коалицијата на Мерц е под притисок
Анкетата на INSA покажува рекордна поддршка за АФД и силно незадоволство од канцеларот Фридрих Мерц пред покраинските избори.

Ново истражување на јавното мислење ја постави десничарската Алтернатива за Германија (АФД) на рекордни 30 отсто поддршка, што дополнително го влошува положбата на коалицијата предводена од канцеларот Фридрих Мерц пред покраинските избори.
Анкетата на INSA, објавена во национален весник, ја покажува и растечката предност на АФД — партијата бележи зголемување од еден процентен поен, додека конзервативниот блок составен од Христијанско-демократската унија и Христијанско-социјалната унија падна под 20 отсто.
Тежок тест за Мерц на покраинските избори
Истражувањето е објавено пред изборите во Мекленбург-Западна Померанија и Берлин, кои се гледаат како мерка за националната политичка динамика. Минатиот месец, на изборите во Саксонија-Анхалт, АФД освои 43,8 отсто од гласовите, што ја потврдува нивната силна позиција.
Анкетата исто така покажува големо незадоволство од работата на канцеларот Мерц: речиси 80 отсто од испитаниците изјавиле дека се незадоволни од неговото работење, што е за еден процентен поен помалку во однос на истражувањето од почетокот на септември. Задоволството од работата на сојузната влада изнесува само 14 отсто, или три процентни поени помалку отколку на почетокот на септември.
Првиот човек на агенцијата што го спроведе истражувањето предупреди дека партиите во владеачката коалиција ќе мора да направат темелни промени доколку сакаат да го прекинат овој негативен тренд.
Во коментарот што го придружуваше анкетниот извештај стои: “Крајнодесничарската партија предводена од Алис Вајдел и Тино Хрупала се искачува за уште еден процентен поен и за првпат во истражувањата на ИНСА достигнува 30 проценти. Така, предноста сега изнесува 12 процентни поени. И во други анкети, АФД во последно време дополнително ја зголеми разликата.”
Фото: прес-материјал од настанот


