Почетна
Македонија

АХВ ги отстрани дивите продавачи од Бит-пазар; во Чајле откриени 150 кг месо со изминат рок

Координирани инспекции во Скопје доведоа до отстранување на нелегални тезги и одземање на околу 500 кг храна, а во Чајле беше пронајдено и уништено 150 кг месо.

·Македонија
АХВ ги отстрани дивите продавачи од Бит-пазар; во Чајле откриени 150 кг месо со изминат рок

Во раните утрински часови денес, Агенцијата за храна и ветеринарство спроведе координиран вонреден инспекциски надзор концентричен на дивите продавачи долж булеварот „Крсте Петков-Мисирков“, на потегот од трговскиот центар Мавровка до Бит-пазар во Скопје.

Инспекциските тимови работеа во соработка со комуналните инспектори на Град Скопје, инспектори од Државниот пазарен инспекторат и припадници на Министерството за внатрешни работи, при што беа отстранети сите нелегално поставени тезги. Повеќето од отстранетите тезги нудеа овошје и зеленчук.

Од терен се одземени околу 500 килограми храна, при што најголем дел се земјоделски производи, а целокупната опрема за продажба која била поставена на пешачките и велосипедските патеки е отстранета. Во соработка со комуналните инспектори на Град Скопје ќе бидат изречени соодветни прекршочни мерки за сторителите.

Во гостиварско Чајле запленети и уништени 150 килограми месо

Во посебна акција, во координација со СВР Гостивар, официјални ветеринари на Агенцијата на приватен имот во село Чајле запленија 150 килограми месо со изминат рок, без декларација и со непознато потекло.

Запленетото месо беше нештетно уништено на депонијата Русино. Агенцијата соопштува дека акцијата е дел од интензивирани контроли насочени кон отстранување на дивите продавачи и заштита на јавното здравје.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи