Почетна
Македонија

АХВ: уништени 202 литри/килограми сладолед и мраз, изречени казни од 19.430 евра

По 560 вонредни инспекции АХВ изрече 45 казни и 140 решенија за неусогласености.

·Македонија
АХВ: уништени 202 литри/килограми сладолед и мраз, изречени казни од 19.430 евра

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) соопшти дека се уништени 202 литри/килограми сладолед и мраз бидејќи биле оценети како небезбедни, а се изречени 45 парични казни во вкупна вредност од 19.430 евра.

Казните и мерките следеле по 560 вонредни инспекциски контроли спроведени во период од 2 месеца во објекти за производство на сладолед и мраз, како и во угостителски објекти кои сами ги произведуваат и пласираат овие производи за сопствени потреби. Од страна на инспекцијата се издадени и 140 решенија за утврдени неусогласности.

Што откриле контролите

Според АХВ, при контролите е утврдено дека 17 оператори не биле регистрирани како оператори со храна во Агенцијата за храна и ветеринарство, а 64 оператори немале извршено анализи на сладолед/мраз.

Исто така, кај 20 оператори е утврдено несоодветно означување на производите, додека тројца набавувале мраз од нерегистриран добавувач.

Агенцијата во соопштението наведува дека мерките — уништување на небезбедниот производ, изрекување казни и издавање решенија — се преземени со цел заштита на јавното здравје и исполнување на правилата за безбедност на храна.

Фото: СДК.МК)

Поврзани написи