Почетна
Спорт

АК Аеродром Скопје на European Kids Athletics Games 2026 — Каракабаков петти во скок во далечина

Клубот настапи со тројца млади натпреварувачи на 21-от European Kids Athletics Games (27–30 август 2026), а Антонио Каракабаков заврши петти во скок во далечина со 5.79 м.

·Спорт
АК Аеродром Скопје на European Kids Athletics Games 2026 — Каракабаков петти во скок во далечина

Атлетскиот клуб Аеродром Скопје учествуваше на 21-от European Kids Athletics Games, одржан од 27-ми до 30-ти август 2026 година. На натпреварот настапија околу 2.500 деца родени од 2011-та до 2015-та година од 26 држави.

Настапи и резултати

Клубот го претставуваа тројца атлетичари: Антонио Каракабаков (роден 2012), Никола Терзиоски (2011) и Иван Савески (2012). Тие настапија во кратки дисциплини, скок во далечина и во мешана штафета.

Антонио Каракабаков настапи во 60 метри, 300 метри, скок во далечина и во штафета 4×300 mix. Најголем успех постигна во скок во далечина каде во финалето со личен рекорд од 5.79 метри го освои 5-то место од вкупно 55 натпреварувачи. На 60 метри истрча 7.88 секунди и го зазеде 18-то место од 100 тркачи, а на 300 метри заврши со 40.24 секунди и исто така беше 18-ти од 88 во неговата генерација.

Никола Терзиоски настапи на 60 и на 300 метри — во пократката дисциплина имаше време 8.34 секунди, а на 300 метри постигна личен рекорд од 42.29 секунди.

Иван Савески трчаше на 60 и на 300 метри и беше дел од мешаната штафета 4×300. На 60 метри ја истрча патеката за 8.80 секунди, а на 300 метри запиша 43.83 секунди. Антонио и Иван беа дел од мешан тим кој го комплетираа две девојки од Атлетскиот сојуз на централна Србија; нивниот резултат беше 2:59.14.

По успешниот настап оваа година, веќе се работи на план за учество на истиот натпревар во 2027-ма година.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи