Албанија ги заострува казните за пијаните возачи и малолетниците — новиот закон предвидува трајно одземање на дозволата и високи казни
Измените предвидуваат трајно одземање дозволи за повторно возење под дејство на алкохол, ограничувања за млади возачи и зголемени казни.

Во Албанија стапија во сила измени во законот за сообраќај кои значително ги заоструваат казнените мерки, со цел да се подобри безбедноста на патиштата и да се намали бројот на сообраќајни незгоди.
Трајно одземање на дозвола за повторно возење пијан
„Според законот, овие измени предвидуваат трајно одземање на возачките дозволи за возачите кои се фатени како возат под дејство на алкохол, односно повторно управуваат возило со повеќе од 0,5 промили во крвта, откако претходно биле предупредени или казнети за тоа. Оваа драстична мерка се презема за да се елиминираат хроничните алкохоличари од патот, кои се сметаат за најопасни возачи“,
Според измените, малолетниците затекнати да возат без возачка дозвола ќе имаат право да се запишат во автошкола само откако ќе наполнат 20 години. На младите возачи им е наметнато и ограничување за движење на автопат — не можат да возат со брзина над 90 километри на час.
За прекршување на овие ограничувања се предвидени парични казни и дополнителни санкции: казната изнесува од 5.000 (54 евра) до 15.000 леки, со одземање на возачката дозвола за еден месец и одземање на бодови. За оние кои двапати во рок од една година ќе бидат затекнати со користење мобилен телефон додека возат, е предвидено одземање на дозволата на три месеци.
Воведена е и забрана за ноќно возење за лица до 21 година, а одземањето на дозволата повеќе не може да се замени со плаќање двојна казна. Исто така, заострени се мерките за пребрзо возење во населени места и во близина на училишта.
Фото: прес-материјал од настанот