Албанија инсталира интелигентни камери во 20 училишта во Тирана
Премиерот Еди Рама вели дека мерката е дел од обврската по трагедијата во училиште и ќе се прошири низ земјата.

Албанскиот премиер Еди Рама соопшти дека првите 20 училишта во Тирана се опремени со интелигентни системи на камери, како почеток на поширок процес за зајакнување на безбедноста во образовните установи низ целата земја.
Рама ја објасни одлуката како реакција на сериозен настан и ја опишa како „обврска што ја презел по сериозната трагедија што се случи во училиште во Тирана, каде што малолетник го загуби животот по тепачка со свои врсници".
-Претходните системи на камери немаа доволна технологија за навреме да го сигнализираат настанот. Паметните камери навремено ги алармираат училишните директори, безбедносниот персонал и самата државна полиција во секој случај, нагласува тој.
Рама додаде дека „Smart City" ќе биде инсталиран во секое училиште, како дел од продолжувањето на програмата.
Како функционираат новите камери
Според објаснувањето од Владата, модернизираните уреди праќаат сигнали во реално време до дирекциите на училиштата, до безбедносните тимови на лице место и до државната полиција, со цел брзо да се долови динамиката на настанот и да се интервенира без одлагање.
-Кога ужасна трагедија во едно училиште во Тирана го запре здивот на цела Албанија, камерите не можеа доволно да ни помогнат да ја разбереме динамиката на тој настан. Тогаш се обврзав, дека ќе ја доведеме Албанија до највисоко ниво на технологија за да ја зајакнеме безбедноста во училиштата како никогаш досега. Денеска, оваа обврска почна да станува реалност, посочува Рама.
Министерството за образование вчера објави ново упатство со кое во сите основни и средни училишта се утврдува училишниот кодекс на облекување, забраната за употреба на мобилни телефони, забраната за нездрава храна и засилени безбедносни мерки. „Овие 20 училишта се само авангарда на процесот. Ќе ја направиме обврската, преземена по таа трагедија, реалност училиште по училиште, со технологија во служба на човештвото и безбедноста на децата пред сè," рече Рама.
Фото: прес-материјал од настанот


