Почетна
Магазин

Александар Јосифовски ја запроси Ана — прстенот излезе на трската

Пејачот Александар Јосифовски ја запроси својата партнерка Ана покрај езеро — прстенот беше врзан за трската за риболов.

·Магазин
Александар Јосифовски ја запроси Ана — прстенот излезе на трската

Поранешниот финалист на „Ѕвездите на Гранд“, македонскиот пејач Александар Јосифовски, ги изненади своите следбеници со романтично и необично запросување покрај едно езеро.

Како страстен љубител на риболовот, Јосифовски го приготви прецизно сценариото: свршеничкиот прстен го врза за трската за риболов, па кога Ана ја повлече трската, наместо улов – пред нејзините очи се појави блескавиот прстен. Пејачот клекна, а Ана без двоумење му рече „ДА за цел живот, љубов моја".

На Instagram веднаш се појавија честитки и емотивни пораки од пријатели, колеги и фанови. Ана објави колаж од најубавите моменти од запросувањето, покажувајќи го прстенот на својата рака со описот: "ДА за цел живот љубов моја Ве сакам".

Јосифовски исто така сподели и семејна фотографија покрај езерото каде што позираат заедно со нивната мала ќеркичка, со порачка „MY TEAM".

Почеток на ново семејство

Во неговата биографија стои и претходен брак со поранешната сопруга Теодора; тие се развеле по осум години заеднички живот во атмосфера на меѓусебно почитување и разбирање. Кратко по разводот, Јосифовски ја започна врската со Ана и со насмевка зборуваше дека го освоила со својата енергија и со кулинарските вештини.

Нивната љубов беше крунисана и со раѓањето на нивната ќерка, а сега семејната среќа ја запечатија со свршувањето. На среќната двојка им посакуваме многу љубов и среќа.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи