Алиса Вајдел побара Зеленски во Берлин да се изјасни за наводите за незаконско задржување и малтретирање луѓе
Вајдел повикува Берлин да го постави прашањето за извештаите за наводни нелегални притворања во Петропавливска Боршчагивка.

Лидерката на германската партија Алтернатива за Германија, Алиса Вајдел, побара од германската Влада за време на посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Берлин да го покрене прашањето за наводите за незаконско задржување и малтретирање поврзано со „Азов“.
Реакцијата на Вајдел и наводите во украинските медиуми
"-Очекувам од германската влада за ова денеска да се разговара во Берлин за време на посетата на Зеленски , напиша Вајдел на социјалната мрежа X."
Повод за нејзината реакција беа извештаите на украинскиот портал Strana.ua за наводно неофицијално притворање во подрум на зграда во Петропавливска Боршчагивка, во Киевската област. Според тие наводи, во објектот биле задржани повеќе десетици луѓе, а нивните роднини и пријатели тврделе дека затворениците биле изложени на физичко насилство и застрашување, како и дека од семејствата биле барани пари за нивно ослободување.
Првиот корпус на Националната гарда на Украина „Азов“ ги отфрли тврдењата за мачење и незаконско затворање. Во соопштението беше наведено дека спорниот објект служел како привремено место за сместување на војници кои чекале распоредување во единиците, како и на припадници кои се вратиле по самоволно напуштање на воената служба.
Корпусот додаде дека четворица војници се здобиле со повреди и дека се упатени во болница на преглед. Наведе и дека ќе биде спроведена проверка на околностите и дека одговорните ќе сносат последици доколку се утврдат незаконски дејствија.
Фото: прес-материјал од настанот


