Почетна
Македонија

„АЛТА банка“ Битола оди на продажба — првата аукција на 30 ноември 2026

Народната банка ја објави продажбата на контролниот пакет од 372.742 акции (95,336%) во сопственост на „Алта банка“ АД Белград – во стечај.

·Македонија
„АЛТА банка“ Битола оди на продажба — првата аукција на 30 ноември 2026

Народната банка ја објави постапката за продажба на доминантниот акционерски пакет во „АЛТА банка“ АД Битола како дел од активностите за обезбедување нов сопственик и создавање услови за натамошно стабилно работање. Се нуди пакетот од 372.742 обични акции, односно 95,336% од вкупниот број акции, што во моментот е во сопственост на „Алта банка“ АД Белград – во стечај.

Продажбата ќе се спроведе преку Македонската берза на хартии од вредност по моделот „сè или ништо“, што значи дека се продава целиот понуден акционерски пакет како единствен блок. Првата јавна берзанска аукција е закажана за 30 ноември 2026 година, а почетната цена е утврдена на 3.777 денари по акција, врз основа на тековната берзанска цена.

Доколку пакетот не се продаде на првата аукција, следуваат дополнителни аукции на 1, 2, 3, 4 и 7 декември 2026 година. На секоја следна аукција почетната цена ќе се намалува за 10% во однос на почетната цена од претходната аукција.

Услови и рокови за учество

Заинтересираните инвеститори треба најдоцна до 19 ноември 2026 година да поднесат барање до Народната банка за добивање претходна согласност за стекнување квалификувано учество во банката и да достават писмена изјава дека ќе ги уплатат средствата потребни за купување на акциите. На аукциите ќе можат да учествуваат само лицата што ги исполнуваат законските услови.

Според НБРМ, постапката е дел од мерките за обезбедување нов сопственик, создавање услови за понатамошно работење и зачувување на интересите на штедачите и останатите клиенти.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи