Почетна
Политика

Амар Мециновиќ: Влада 'крвник' на сопствениот народ — три години без зголемување на минималната плата

Пратеникот од Левица обвинува дека Владата ги штити најбогатите и ја занемарува судбината на работниците, додека отвора прашања за увоз на работна сила.

·Политика
Амар Мециновиќ: Влада 'крвник' на сопствениот народ — три години без зголемување на минималната плата

Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, остро го критикуваше составот на Владата на РСМ по усвојувањето на Резолуцијата за миграциска политика за периодот 2026–2030, порачувајќи дека миграцијата не може да се разгледува одвоено од катастрофалната положба на домашните работници.

„Владата ќе направи сѐ, освен да удри по олигархијата која го цица македонскиот народ веќе триесет години“, истакна Мециновиќ одговарајќи на новинарско прашање во врска со резолуцијата. Тој предупреди дека ниските плати, иселувањето и економскиот модел што ги штити најбогатите мора да станат дел од јавната дебата за миграцијата.

Мециновиќ ја обвини владејачката партија ДПМНЕ за занемарување на работниците и синдикатите и го посочи непокачувањето на минималната плата како јасен доказ за отсуство на грижа. „Три години не ја зголемува минималната плата. Влада крвник на сопствениот народ!“, рече тој, додавајќи дека властите дури влегле во препирка со синдикалните претставници за составот на потрошувачката кошница — според него апсурдна ситуација која тој ја спореди со супермаркет каде што Владата му ги вади основните производи од кошницата на граѓанинот и го убедува дека не му се потребни.

Паралели меѓу економијата и миграцијата

Пратеникот предупреди дека македонската економија оди во бездна, додека домашната олигархија се однесува како да живее во Монако или во Силиконската долина. Тој го отвори и прашањето за прогресивното оданочување, велeјќи дека власта нема храброст да го воведе затоа што не сака да ги засегне интересите на најбогатите.

Во врска со миграциските политики и увозот на странска работна сила, Мециновиќ го спомена европскиот концепт Third Country Hubs и предупреди дека Македонија не смее да се претвори во полигон за решавање на туѓи проблеми. Според него, додека во ЕУ за овие политики има отворена политичка дебата, во Македонија прашањата се затскриваат зад измени на правилници и закони без суштинска јавна расправа.

Мециновиќ заклучи дека ваквите политики ќе создадат дополнителен притисок врз домашната работна сила и ќе го продлабочат иселувањето: државата не создава услови за достоинствен живот за своите граѓани, а истовремено ја отвора вратата за увоз на работна сила.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи