Американските дипломати и семејствата почнаа постепено да се враќаат во амбасадите на Блискиот Исток
Враќањето следува по истекот на шестмесечниот рок од мартовските евакуации; новиот статус „restricted operations“ им дава на амбасадите дискреција за персонал и присуство на семејства.

Американскиот Стејт департмент започна со постепено враќање на дипломати и нивните семејства во неколку амбасади на Блискиот Исток. Овој потег следува по официјалното завршување на шестмесечниот рок кој беше на сила откако во март беа спроведени масовни евакуации поради конфликтот со Иран.
Враќањето ќе се спроведува според строго одредени правила и фази по земји, со цел да се зачува безбедноста на персоналот. Поради тоа што претходните статуси „ordered departure“ имаат законски рок од шест месеци, нивното истекување значеше дека некои вработени би можеле да ги изгубат придобивките и сместувањето што следуваат со тој статус.
Нов статус и правила по земји
За да се избегнат администрирањето празнини, Стејт департментот воведе нов статус „restricted operations“ кој овозможува секоја амбасада поединечно да ја одреди големината на персоналот и дали семејствата ќе можат да присуствуваат.
Според насоките: за Израел е дозволено враќање на сите членови на семејствата на вработените во американската влада. За Либан е дозволено враќање само за членови на семејствата постари од 21 година, со почетен лимит на вкупниот персонал до 85 проценти. Во Катар, Кувајт и Бахреин е одобрено враќање на семејствата, но во Кувајт и Бахреин тоа важи само за лица постари од 18 години. За Јордан и Оман е предвидено целосно враќање и нормализирање на дипломатските капацитети.
Ограничувањата за персонал се различни: амбасадите во Саудиска Арабија, ОАЕ, Катар и Либан првично ќе работат со максимум 85 проценти од капацитетот, додека оние во Ирак, Кувајт и Бахреин се ограничени на 75 проценти од персоналот.
Овој потег на администрацијата на Доналд Трамп индиректно укажува дека Вашингтон проценува оти ризикот од непосредна воена ескалација со Иран е намален и дека фокусот се префрла кон економски притисоци. Сепак, рестрикциите за помлади членови на семејствата во Заливот покажуваат дека безбедносниот ризик во регионот и натаму се смета за зголемен.
Фото: Profimedia