Почетна
Македонија

АНБ и БЈБ разоткрија иранска прокси-мрежа во Македонија поврзана со план за атентат во Грција

Службите соопштија дека од почетокот на 2026 мрежа со врски до Иран подготвувала логистика за атентат во Грција.

·Македонија
АНБ и БЈБ разоткрија иранска прокси-мрежа во Македонија поврзана со план за атентат во Грција

Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Бирото за јавна безбедност (БЈБ) при Министерството за внатрешни работи, во соработка со грчката национална разузнавачка агенција и други партнерски служби, соопштија дека разоткрија прокси-мрежа во Македонија поврзана со ирански државјанин која подготвувала терористички акт — атентат врз лице во Грција.

Од АНБ и БЈБ наведуваат дека активностите се реализирале од почетокот на 2026 година и биле изведувани во координација со странските партнери. За разоткривање на мрежата биле преземени оперативно-технички и аналитички мерки.

Осомничени и врски со криминал

Во истрагата е идентификуван Едрис Јахангири Маване како ирански државјанин поврзан со прокси актери на иранските безбедносно-разузнавачки служби, вклучително и со нарко-босот Наџи Шарифи Зиндашти.

Во однос на македонската мрежа, истрагата го посочува присуството на лица етаблирани во домашни криминални структури кои, по директни насоки од иранскиот државјанин, преземале подготвителни логистички активности со цел извршување на терористички акт/атентат врз лице во Грција.

Со размена на информации со странските партнерски служби бил разоткриен и начинoт на функционирање на мрежата, вклучувајќи конспиративни средби на територија на трети земји, меѓу кои и Иран, и беа потврдени врските со иранскиот државјанин кој се посочува како главен носител на планираната акција.

АНБ и БЈБ оценуваат дека ваквите поврзаности се вклопуваат во обиди на иранските разузнавачки служби да ги прикриваат своите активности преку криминални прокси-мрежи во трети земји, вклучително и во Македонија. Како дополнителен контекст, посочуваат дека во изминатиот период повеќе земји се соочиле со терористички закани и напади од ирански прокси актери.

Двете служби најавуваат дека ќе продолжат да работат на детектирање и спречување евентуални терористички закани преку прокси елементи од Иран и на разоткривање на други лица вклучени во вакви мрежи.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи