Почетна
Македонија

АНБ и МВР ја истражуваат потеклото на дезинформациите за вода во Скопје

Се проверуваат електронските траги и вработени во здравствени установи откако анализите покажаа дека водата е безбедна.

·Македонија
АНБ и МВР ја истражуваат потеклото на дезинформациите за вода во Скопје

Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи истражуваат од каде и како почнаа да се шират тврдењата дека водата во скопскиот водовод е загадена.

Во фокусот на проверките е идентификацијата на првичниот онлајн-извор: обвинителите и аналитичарите ги следат електронските траги и обидите за ширење на пораките преку социјалните мрежи.

Проверките опфаќаат и здравствени установи

Како што е соопштено, се вршат проверки и во повеќе здравствени институции откако во шпекулациите беа спомнати вработени медицински лица како можни извори на информацијата. Истражителите ќе утврдат дали тие наводи имаат основа или се дел од намерно создадена дезинформација.

Резултатите од повеќе анализи на водата од скопскиот водовод покажаа дека водата е употреблива и не е штетна или загадена.

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на прес-конференција рече: „станува збор за организирана акција за ширење на хистерија што е рамно на терористички напад“. Од Град Скопје најавија дека сите профили на социјални мрежи кои ги шират дезинформациите ќе бидат предадени на истрагата.

Пишува: Миомир Серафиновиќ

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи