Анес Мелиќи — играч на 15. коло: повторно ја покажа класа во дербито
Анес Мелиќи постигна гол и имаше клучна одбрана во победата на Шкендија кај Тиквеш, 0:2.

На екстра тешкиот и натечен терен во Кавадарци, младиот стопер на Шкендија уште еднаш ја покажа својата класа во големото дерби против Тиквеш. Анес Мелиќи, кој веќе е дел од репрезентацијата на Македонија, споји челична дефанзива со погодок кој го реши мечот – конечни 0:2.
Одбранбена доминација и гол за потврда
Мелиќи постојано ја контролираше ситуацијата пред својата гол-линија, ги ограничуваше нападите на Тиквеш на исклучително тежок терен и во финишот ја стави точката со гол за конечен триумф.
Поради таа партија, Мелиќи беше прогласен за играч на 15. коло. Покрај него, од Шкендија во идеалниот тим се и Трумчи и Красниќи, а во составот се најдоа и Џеков, Шуберт и Донов (Силекс), Николов и Закариќ (Вардар), Цветков и Ангелов (Скопје) и Велкоски (Брегалница).
ИГРАЧ НА КОЛОТО — АНЕС МЕЛИЌИ
Тим: Шкендија Тетово
Роден: 09.01.2006 во Скопје
Кариера: Шкендија
Фото: прес-материјал од настанот


