Антонио Нејков ги освои сите седум гласови во „Ѕвездите на Гранд“
20-годишен медицински техничар од Струмица го воодушеви жирито и го одбра Драган Којиќ – Кеба за свој ментор.

Дваесетгодишниот Антонио Нејков од Струмица предизвика вистинска еуфорија во студиото на „Ѕвездите на Гранд“ — настапот му донесе аплауз на нозе и максимални сите седум гласови од стручното жири.
По неговата изведба водителката Ана Севиќ веднаш истрча и го прегрна, а атмосферата во студиото беше воодушевена од неговиот сценски настап и изглед.
Не остана незабележано ниту што некои членови на жирито го споредија со фудбалска ѕвезда: „Антонио е физичка копија на познатиот фудбалер на Барселона, Ламин Јамал!", прозборија тие и предизвикаа смеа во студиото.
Медицински техничар со глас
Младиот Струмичанец по професија е медицински техничар и студира за грижа и нега на постари лица — факт што доби дополнително признание од Драган Којиќ – Кеба. Ѓорѓе Давид пак го потсети на победничкиот дух на Струмица.
По настапот Кеба му порача: „Песната ‘Srce piše suzama’ ја имам лично јас напишано – тоа е еден од најдобрите текстови што сум ги создал, а ти толку добро ја изведе што ти симнувам капа!" Антонио потоа го одбра токму Драган Којиќ – Кеба за свој ментор.
Емисијата беше во знакот на македонските кандидати — покрај Антонио, 19-годишниот Немања Денчиќ од Скопје исто така направи впечаток и обезбеди директен пласман во вториот круг со сите шест гласови, а Ѓорѓе Давид го спореди со минатогодишниот победник Бојан Илиевски.
Фото: прес-материјал од настанот


