Арис го победи и Панатинаикос и Олимпијакос во иста сезона
Арис од Солун го победија и Панатинаикос и Олимпијакос оваа сезона, нешто што не се случило од 2019.

Арис, за кого настапува македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ, оствари ретко достигнување во грчката кошарка — во иста сезона ги победи двата најголеми ривала, Панатинаикос и Олимпијакос.
Солунскиот тим прво го победи составот предводен од Жељко Обрадовиќ со 101:91 на 1 ноември 2026 година, а точно две недели подоцна беше подобар и од екипата на Барцокас со 100:78.
Реткост од 2019
Таква комбинација на победи не е забележана во грчката лига уште од 2019 година, кога Перистери, предводен од клупата од Аргирис Педулакис, во иста сезона успеа да ги победи двата атински гиганти.
Екипата на Василис Спанулис тоа го направи на импресивен начин – на двата натпревари постигна по 100 поени.
Оваа сезона Арис е стабилен противник: има само два пораза во сите натпреварувања, од Кардитса и Хапоел Ерусалим, но тоа не го постави клубот на врвот на табелата. На лидерската позиција се наоѓа вториот солунски тим, ПАОК, кој значително го засили својот состав.
Последните резултати покажуваат дека квалитетот се прелева од Атина кон Солун — и Солун конечно ѝ возврати на Атина!
Фото: Арис


