Австралија купува АИМ‑260 „воздух‑во‑воздух“ за 475 милиони американски долари
Канбера ќе биде првата држава надвор од САД што ќе распореди АИМ‑260; набавката ќе се реализира преку програмата FMS.

Австралија ќе инвестира околу 475 милиони американски долари за набавка на ракетата од новата генерација АИМ‑260 „воздух‑во‑воздух“ и ќе стане првата земја надвор од САД што ќе располага со ова вооружување.
Набавката ја соопшти министерот за одбрана Ричард Марлес за време на меѓународната воздухопловна вежба Pitch Black во Дарвин. „Ова е уште еден важен чекор во развојот на нашите способности за дејствување на големи далечини и за одвраќање на потенцијални противници“, изјави Марлес.
Ракетата е развиена од американската компанија Локхид Мартин и ќе биде набавена преку американската програма за странски воени продажби (FMS). Австрелијците ја опишуваат набавката како дел од модернизацијата на воздухопловните сили и зајакнувањето на соработката со сојузниците.
Во првата фаза, АИМ‑260 ќе биде интегрирана во борбените авиони F/A‑18F „Супер хорнет“ на Кралските австралиски воздухопловни сили, а подоцна планирано е да се воведе и на F‑35A „Лајтнинг II“ и EA‑18G „Гроулер“.
Владата процени дека набавката ќе ја зајакне повеќеслојната воздушна и противракетна одбрана, ќе ги прошири можностите за дејствување на поголеми растојанија и ќе ја подобри интероперабилноста со американските сили.
Во одделна изјава, властите во Канбера исклучија испраќање борбени сили во евентуален конфликт во Иран.
Фото: AA/ABACA / Abaca Press / Profimedia