Почетна
Магазин

Бабата се расплака кога го виде писмото — идната невеста ја покани за деверица

28‑годишната невеста ѝ даде писмо на 76‑годишната Џанел и ја замоли да застане меѓу шесте други девојки на свадбата.

·Магазин
Бабата се расплака кога го виде писмото — идната невеста ја покани за деверица

Мал рачно напишан потег прерасна во момент што ги разнежи гледачите: идната невеста ја покани бабата на својот свршеник да биде една од нејзините деверици, а реакцијата беше снимена и споделена на социјалните мрежи.

Покана што трогна

28‑годишната Кејли Торн отишла кај 76‑годишната Џанел Шмит и ѝ оставила писмо во кое ја прашала дали ќе сака да биде дел од свадбениот кор. Додека ја отворала пликот и ја осветлувала пораката со светилката од телефонот, Џанел не можела да ги задржи солзите.

Кејли објаснува дека уште при првата средба со бабата на својот свршеник Џејк Самберг почувствувала дека е топло прифатена и дека нивната блискост со текот на времето прераснала во посебна врска. „Таа е сонце во човечки облик, а разговорот со неа делува како топла прегратка. Ниту за миг не се двоумев дали ја сакам за деверица. Моите деверици припаѓаат на различни генерации и мислам дека токму тоа го прави сето ова посебно“, раскажа идната невеста.

Додека ја прочитувала пораката, бабата низ солзи реагирала: „Дали ќе плачам? Веќе почнав“, а потоа со насмевка продолжила: „Не! Навистина? Зарем не би ја одбрала Кејти или… Нема шанси. Се шегуваш? Едноставно не знам што да кажам“. Кејли ѝ објаснила дека навистина сака таа да им помогне во планирањето и да учествува во подготовките заедно со останатите шест девојки, по што бабата прифатилa: „Боже, каква чест е тоа“, додека уште еднаш проверувала дали невестата е сигурна во својата одлука.

Покрај писмото, Кејли ѝ подарила и торба што самата ја извезла, во која ставила извезен несесер и други ситни подароци. По долга прегратка, Џанел не пропушти да се пошегува на сметка на својот внук: „Те засакав штом те запознав. Како тогаш можеш да се омажиш за него кога јас те сакам повеќе?“

Видеото објавено на TikTok собра повеќе од 1,1 милион прегледи и над 200.000 допаѓања за само два дена. Меѓу илјадниците пораки се издвојува коментар кој освои околу 35.000 лајкови: „Повозрасните жени понекогаш можат да се чувствуваат толку невидливо. Ти благодарам што ја вклучи во улога која обично им се дава на помлади жени“. Кејли и Џејк ќе се венчаат на 12 декември, а меѓу жените кои тој ден ќе стојат покрај невестата ќе биде и бабата која одамна ја прифатила како своја.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи