Бајнанс ќе враќа средства по кражбата од милијарди, ФБИ обвинува Северна Кореја
Бајнанс издвои повеќе од 6,34 милијарди долари и, со помош на блокчејн партнери и издавачи на стабилни монети, замрзна дел од украдените средства.

На 30 ти окомври, Бајнанс, најголемата светска берза за криптовалути, објави дека хакери украле повеќе од 6 милијарди долари — една од најголемите кражби на криптовалути во историјата. Компанијата соопшти дека издвоила повеќе од 6,34 милијарди долари од своите средства за да ги покрие украдените пари и дека започнува со нивно повраќање за корисниците, најавувајќи дека средствата на корисниците се „безбедни“ и дека сите загуби ќе бидат надоместени.
Замрзнати делови од пленот и обвиненија од ФБИ
Бајнанс соработуваше со партнери од областа на блокчејн технологијата за да замрзне средства во вредност од приближно 3 милијарди долари. Двата најголеми издавачи на стабилни монети — Tether (кој го издава USDt) и Circle (кој го издава USDC) — искористија можност да ја замрзнат својата имотна единица и успеаја да отстранат околу 2,4 милијарди во форма на стабилни монети, што е приближно 40% од украдениот износ.
– Ова е најголемиот грабеж на банка во човечката историја. Она за што известуваме е дека Северна Кореја успеала да ги пробие контролите за сајбер-безбедност во рамките на Binance, најголемата берза за криптовалути во светот, која е убедливо најголемиот бизнис со криптовалути – и притоа да украде 6,36 милијарди долари. Забележавме дека средства почнуваат да се извлекуваат од Бајнанс, односно од нивната инфраструктура на дигитални паричници. Всушност, „Бајнанс“, е како која било друга банка тоа е, всушност, банка на блокчејн, изјави Ари Редборд, експерт за криптовалути.
ФБИ соопшти дека Северна Кореја е одговорна за нападот и предупреди дека украдените средства првенствено се конвертираат во етер и потоа се перат преку DeFi и услуги за инстант размена додека се подготвуваат за понатамошни фази на перење. „-Се очекува овие средства потоа дополнително да се перат со конвертирање со користење на DeFi и услуги за инстант размена додека ги подготвуваат за понатамошни фази на перење , стои во соопштението на ФБИ."
Експертите предупредуваат дека Северна Кореја има историја на сајбер-криминални операции кои често се користат за финансирање оружје и други активности со реални последици. „-Се смета дека зад нападот стои елитна државно спонзорирана група, позната како TraderTraitor. Сите тие имиња секогаш звучат многу гламурозно. Сепак, мислам дека дел од нивните операции вклучуваат објавување лажни огласи за работа и манипулирање со луѓето за да преземат малициозен софтвер. Како што знаете, целта во овој случај бил висок инженер кој имал пристап до голем број сметки со високо ниво на привилегии. Она што веројатно се случило е дека, во рамките на процесот на интервју за работа, жртвите често се наведуваат да преземат одреден тест, кој всушност се претвора во малициозен софтвер , вели Емили Тејлор- Главен извршен директор на SOT, Oxford Information Labs"
Тејлор дополнува дека инцидентот ја нагласува потребата од системи за рано предупредување и брза реакција. „-Дел од привлечноста на крипто-светот е токму тоа што тој не функционира како традиционалниот, високо регулиран финансиски систем. Во оваа приказна има и еден интересен, би рекла, технички аспект. Станува збор за вид криптовалута наречена стабилна монета, која е многу поблиска до традиционалните, соодветно обезбедени и, условно кажано, побезбедни криптовалути. Токму тој вид криптовалута можел да биде запрен. Но, класичната криптовалута, во својата основна концепција, е децентрализирана. Таа ја избегнува централната контрола и банкарската регулација. Тоа е дел од нејзината привлечност. Но, се разбира, кога нешто ќе тргне наопаку, тоа значи дека е навистина тешко повторно да се воспостави состојбата. Не постои некоја голема авторитетна институција која може едноставно да посегне по својот џеб и да каже: „Еве, не грижете се, сè ќе биде во ред“, истакнува Тејлор- Главен извршен директор на SOT, Oxford Information Labs."
Пазарот реагираше веднаш: вредноста на биткоинот падна за 3,2% во четвртокот вечерта и се спушти под 79.000 долари. Во претходно најтешкиот напад, на почетокот на 2025 година, од криптоберзата Bybit биле украдени околу 1,5 милијарди долари, и тој случај исто така беше припишан на истата севернокорејска група.
Фото: прес-материјал од настанот


