Баскет Кам и Пробаскет обезбедија учество во Првата лига – жени
По прифаќањето на жалбите од Арбитражната комисија, Комисијата за лиценцирање утврди дека осум клуба ги исполнуваат условите за Првата лига – жени 2026/27.

На 25.08.2026 Кошаркарската федерација на Македонија соопшти дека, по прифаќањето на жалбите од страна на Арбитражната комисија на Федерацијата, Комисијата за лиценцирање утвдила дека се исполнети условите за учество во Првата лига – жени за натпреварувачката сезона 2026/27 врз основа на доставената документација.
Составот на Првата лига – жени за 2026/27
Во својата одлука Комисијата за лиценцирање наведува дека постапувала согласно Статутот на КФМ, Правилникот за натпреварување, Регистрацискиот правилник, Правилникот за лиценцирање, Пропозициите за натпреварување во сениорските лиги и одлуките на Управниот одбор. При оценката биле земени предвид и исполнетоста на финансиската дисциплина согласно член 7.1 и член 7.1.4 од Пропозициите за натпреварување.
Исто така, во постапката биле применети член 7.1.3 и член 7.1.5, кои уредуваат бројот на учесници, преминувањето меѓу степените на натпреварување и статусот на Првата лига – жени како највисок степен во женска конкуренција.
Имајќи го предвид конечниот пласман во сезоната 2025/26, спортските стекнати права на клубовите, доставената документација и исполнетоста на условите во постапката за лиценцирање, Комисијата за лиценцирање предлага до Управниот одбор Првата лига – жени за сезоната 2026/27 да ја сочинуваат следните осум екипи:
- ЖКК Крива Паланка – Крива Паланка
- ЖКК Бадел 1862 – Скопје
- ЖКК Баскет Кам – Македонска Каменица
- ЖКК Вардар – Скопје
- ЖКК Пробаскет – Кавадарци
- ЖКК МЗТ Скопје Аеродром – Скопје
- ЖКК Патриот 2016 – Делчево
- ЖКК Гевгелија – Гевгелија
Во соопштението е посочено дека ЖКК „Гевгелија“ – Гевгелија, како победник на Втората лига – жени во сезоната 2025/26, согласно член 7.1.3 од Пропозициите за натпреварување, стекна право на настап во Првата лига – жени за натпреварувачката сезона 2026/27.
КФМ дополнува дека преку своите надлежни органи и комисии континуирано ќе го следи исполнувањето на сите пропишани услови за учество во системот на натпреварување и доколку утврди неисполнување, ќе постапи согласно важечките акти и прописи на Федерацијата.
Фото: прес-материјал од настанот