Почетна
Македонија

Бензините и дизелот поскапуваат од 00:01 на 18 август

Максималните цени се зголемуваат за 4,5 денари кај бензините и 6,5 денари кај дизелот од 00:01 на 18 август.

·Македонија
Бензините и дизелот поскапуваат од 00:01 на 18 август

Регулаторната комисија за енергетика утврди нови максимални цени на нафтените деривати кои стапуваат на сила од 00:01 часот на 18 август.

Според одлуката, бензините поскапуваат за 4,5 денари по литар, а дизелот за 6,5 денари по литар. Новите максимални цени ќе бидат:

  • Еуросупер БС-95 – 91,50 денари/литар, поскапување за 4,50 денари.
  • Еуросупер БС-98 – 93,50 денари/литар, поскапување за 4,50 денари.
  • Еуродизел БС (Д-Е V) – 98 денари/литар, поскапување за 6,50 денари.
  • Екстра лесно масло (ЕЛ-1) – 98,50 денари/литар, поскапување за 6 денари.
  • Мазут М-1 НС – 43,726 денари/килограм, поскапување за 0,188 денари.

Зошто поскапува

Од Комисијата појаснуваат дека зголемувањето е резултат на повисоките референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар. Во споредба со претходната пресметка, бензините поскапеле за 8,983 отсто, дизелот за 10,979 отсто, екстра лесното масло за 9,801 отсто, а мазутот за 0,871 отсто. Во пресметката влијаело и движењето на курсот на денарот во однос на доларот, кој бил понизок за 0,2247 отсто во изминатиот период.

РКЕ продолжува со примената на намалените износи на акцизата: намалена акциза од 2 денари за литар кај бензините Еуросупер БС-95 и БС-98, како и намалена акциза од 4 денари за литар кај еуродизелот. Комисијата нагласува дека утврдените цени се максимални, односно трговците можат да продаваат и по пониски цени.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи