Почетна
Македонија

Без решение по средбата за откупната цена на струмичката ајварка

По тричасовната средба организирана од министерот за земјоделие не е постигнат консензус меѓу земјоделците, откупувачите и фабриките.

·Македонија
Без решение по средбата за откупната цена на струмичката ајварка

Сè уште нема решение за откупната цена на струмичката ајварка. Вчера се одржа тричасовна средба, организирана од министерот за земјоделие Борче Серафимовски, на која за прв пат заеднички седнаа претставници на земјоделците, откупувачите и фабриките — како три неразделни алки од синџирот.

На разговорите беше отворено прифатено дека претходно договорените цени не се почитуваат, и секоја страна објасни зошто доаѓа до тоа. Беа предложени неколку различни решенија, но на крајот не беше постигнат официјален консензус.

Месно здружение на млади Муртино соопшти: "- Нешто кое експлицитно се призна и во кое сите страни бевме согласни е тоа дека претходно договорените цени не се почитуваат и секоја од страните ги објасни своите причини за истото. На состанокот беа предложени повеќе различни предлог решенија од повеќе страни, но за жал ниту едно не наиде на официјално согласување од трите страни."

Земјоделците бараат почитување на договорот од 11.август

Струмичките производители велат дека ја разбрале состојбата во преработувачката индустрија и затоа направиле значителна отстапка од првичните барања за да се договори цена која би била фер и за трите страни. Тие велат дека нивниот став останува непроменет и бараат единствено почитување на договорот од 11.август годинава.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска порача дека Владата ги поддржува земјоделците и дека нивните барања се легитимни.

Во изминатиот период струмичките земјоделци неколкупати протестираа, барајќи државата да ги заштити од, како што велат, ценовните манипулации на откупувачите. За сега не е најавен конкретен рок или механизам за спроведување, а разговорите ќе продолжат.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи