Почетна
Магазин

Благица Калева повика јавноста на откривање на спомен-обележје за Џоко Ѓоргиев

На 5 септември 2026 во Струмица ќе биде откриено спомен‑обележје за 23‑годишниот тапанар и жртвите од пожарот во Кочани.

·Магазин
Благица Калева повика јавноста на откривање на спомен-обележје за Џоко Ѓоргиев

Познатата фолк-пејачка Благица Калева ги повика граѓаните да присуствуваат на свеченото откривање на спомен-обележјето во чест на младият тапанар Џоко Ѓоргиев и на сите загинати во пожарот во Кочани.

За настанот

Откривањето е закажано за 5 септември 2026 година во Струмица. Програмата ќе започне со Марш на сеќавањето во 17:30 часот (од булевар „Гоце Делчев“ до Градскиот парк кај Домот на АРМ), додека главниот настан и откривањето на спомен-обележјето се предвидени за 19:00 часот.

Калева на Фејсбук објави емотивен повик покрај плакатот за настанот: „Во чест на нашето златно дете, нашиот Џоче и сите ангели кои одлетаа! Дојдете во што поголем број, во нивна чест!"

Во рамките на музичката програма ќе настапат Летната школа за гитара „Џоко Ѓоргиев“, Благица Калева, Иван Кукиќ, Ивана Василева, Јовче Пандев и составот „За Бато Џоче“.

Младиот 23-годишен тапанар Џоко Ѓоргиев од Струмица, кој важеше за исклучителен музички талент и омилен колега, го загуби животот во катастрофалниот пожар што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани за време на концертот на групата ДНК.

Сеќавањето на Џоко се одржува непрекинато благодарение на неговото семејство, пријателите и колегите. Неговиот помлад брат Димитар, исто така тапанар, му оддаде почит настапувајќи со тапанари во Струмица и си го истетовира ликот на Џоко заедно со насловот на познатата песна „Животе брате“ на својата рака.

За Калева, која во минатото доживеа огромна лична трагедија со загуба на сопругот и ќерката, учеството во овој настан е уште еден емотивен чин на поддршка кон семејството и продолжување на сеќавањето на згаснатите млади животи.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи