Почетна
Спорт

Благодарение на Чеферин и Монтаљани: ФФМ може да добие 10 милиони долари

Двајцата лидери предлагаат распределба од околу 2,1 милијарда долари за инфраструктура и развој на фудбалот.

·Спорт
Благодарение на Чеферин и Монтаљани: ФФМ може да добие 10 милиони долари

Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, и шефот на КОНКАКАФ, Виктор Монтаљани, испратија заедничко писмо до претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, со предлог секоја од 211 национални асоцијации да добие минимум по 10 милиони долари.

Предлогот, објавен на 18 септември 2026 година, би значел распределба од приближно 2,1 милијарда долари и е наменет пред сè за инфраструктура и развој на фудбалот во земјите членки.

Побарувачка за независна проценка пред Советот на ФИФА

Чеферин и Монтаљани го замолуваат Инфантино пред седницата на Советот на ФИФА закажана за 15 октомври да се спроведе целосна и независна анализа на финансиската состојба на организацијата, со цел да се утврди колку од резервите може одговорно да се распределат без да се доведе во прашање финансиската стабилност на ФИФА.

Во писмото тие ја отфрлаат потребата за воведување приватен капитал во комерцијалните права на натпреварите, наведувајќи дека „ФИФА веќе има можност да им стави на располагање значително повеќе средства на своите членови од сопствени извори “.

Доколку предлогот добие поддршка и биде усвоен, тоа ќе претставува голема еднократна финансиска инјекција за развој на фудбалот низ целиот свет, а ФФМ би била меѓу федерациите што би добиле ваков износ.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи