Почетна
Политика

Богдановиќ најави коалициски настап на СДЛ на следните парламентарни избори

Лидерот Саша Богдановиќ најави коалициски настап на СДЛ и не ја исклучи личната кандидатура за градоначалник на Центар или за пратеник.

·Политика
Богдановиќ најави коалициски настап на СДЛ на следните парламентарни избори

Лидерот на новосформираната Српска демократска лига (СДЛ), Саша Богдановиќ, најави дека партијата најверојатно ќе настапи во коалиција на следните парламентарни избори, а воедно не ја исклучи ни можноста лично да се кандидира за градоначалник на Општина Центар или за пратеник.

Во гостувањето на 4ТВ, Богдановиќ рече дека не ја исклучува ниту едната ниту другата опција. „И едното и другото, зависно од можностите, ќе видиме“, изјави тој.

На прашањето со која партија би можеле да коалицираат, лидерот на СДЛ посочи дека тоа ќе зависи од подготвеноста на потенцијалните партнери да ги прифатат заклучоците донесени на конгресот на партијата. Тој најави дека до 15 февруари СДЛ планира да ја заврши организациската структура и да ги презентира програмските и кадровските решенија.

Кратка биографија и ставови

Богдановиќ долго време беше член и функционер на СДСМ; тој ја извршуваше функцијата претседател на Општинската организација на партијата во Центар, беше директор на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и од 2017 до 2021 година беше градоначалник на општината.

На првиот изборен конгрес на СДЛ, партијата, според Богдановиќ, добила поддршка од српската Српска напредна странка (СНС) на Александар Вучиќ. Тој упати критики кон СДСМ, наведувајќи дека тоа веќе не е партијата во која порано членувал и дека неговата критика е упатена кон актуелното раководство.

Исто така, лидерот на СДЛ откри дека разговарал со лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, за можноста да се кандидира повторно за градоначалник на Центар и дека добил понуда да се зачлени во ЗНАМ, што тој ја одбил.

Фото: Принтскрин

Поврзани написи