Бојан Илиевски го освои регионалниот врв — баба му беше неговиот најголем столб
Победникот на „Ѕвездите на Гранд“ за првпат јавно зборува за болката по загубата на родителите и за улогата на баба му во најтешките години.

Бојан Илиевски го освои регионалниот врв со моќен глас и енергија на сцена, но зад аплаузот стои тивка, лична приказна: неговата баба, која, по неговите зборови, цело време беше столбот што го одржа во најтешките години.
Во гостувањата последниве денови, победникот на „Ѕвездите на Гранд“ на искрен начин зборуваше и за секојдневието на турнеите, и за ситните навики како исхраната, но и за болките што го одбележаа.
На прашањето за навиките, Бојан со насмевка призна: "Јас сум генерално кафански човек. Повеќе јадам по ресторани, но гледам тука да се и специјалитетите на мојата баба, но најмногу ги сакам кафаните." Додаде дека ништо не може да ги замени јадењата кои го потсетуваат на баба му и на топлината на дома.
Животната трагедија и единствената потпора
Веселиот настап на сцена стои во контраст со периодот на длабока лична загуба. По смртта на татко му, а потоа и по загубата на мајка му во 2021 година, Бојан остана сам, а единствено засолниште и постојана поддршка му беше баба му од мајчина страна.
Баба му за првпат се појави пред камерите кога тој беше млад натпреварувач и низ солзи кажа: "Јас сум му баба од мајчина страна. Тој нема ни татко, ни мајка, јас сум му единствената поддршка. Му починаа и таткото и мајката." Нивната поврзаност го расплака жирито и милионската публика.
По загубите, 2021 година беше најтешка за него — престанал да работи повеќе од една година и се соочи со порокот на коцкањето. Тој посочува дека безрезервната љубов на баба му, ветувањето што си го дал и поддршката од менторот Ѓорѓе Давид му помогнале да се подигне. Заврши средно музичко образование и подоцна дипломираше на Музичката академија во Словенија.
Во емотивниот осврт на утрината по прогласувањето за победник, тој рече: "Сè уште не можам да ги соберам впечатоците, телефонот ми блокираше од пораки. Но, баба ми е најсреќна! Утринава кога станав, ја затекнав целата во солзи. Ѝ велам: ‘Па, ти вчера плачеше, сега пак ли плачеш?’"
Исто така ја памети пораката на Саша Поповиќ дека „Ѕвездите на Гранд“ се големо семејство и дека натпреварувачите секогаш можат да сметаат на таа поддршка. Бојан отворено зборуваше и за последниот состанок со мајка му во Словенија непосредно пред нејзината смрт и за тоа како даденото ветување му дало сила да се врати и да стигне до врвот.
Целото емотивно гостување на Бојан Илиевски беше прикажано во емисијата „Кафе муабети“.
Фото: прес-материјал од настанот


