Бојан Илиевски ја тетовираше статуата од Гранд и ветувањето до музиката
Новиот дизајн на подлактицата ги собира статуата од Гранд, микрофонот и личната порака што му дава сила.

Победникот на регионалното шоу „Ѕвездите на Гранд“, Бојан Илиевски, го прослави својот голем успех на посебен и траен начин — со голема тетоважа на подлактицата која го рефлектира неговиот пат и врската со музиката.
Симболи и лична порака
Во видеото што го сподели на социјалните мрежи се гледа дека дизајнот зафаќа речиси цела подлактица: победничката статуа од финалето на „Ѕвездите на Гранд“, микрофон како симбол на неговата најголема љубов и уште еден натпис со кој ја нагласува таа врска.
На тетоважата стои: „Единствената работа во мојот живот која никогаш не може да биде лажна и која никој не може да ми ја одземе е мојата љубов кон музиката.“ Покрај видеото, тој напиша: „Тетоважа и победа која засекогаш ќе биде во мене и ќе ме следи засекогаш! Ја ставив мојата најголема животна победа на мојата рака."
Клиповите и фотографиите ги објави на својот Инстаграм-профил и на други платформи, каде што следбениците брзо реагираа на деталите и емотивната порака зад новиот дизајн.
Тетоважата за Илиевски не е само сувенир од шоуто — таа е дел од неговата приказна. Младиот пејач до победата стигна по низa тешкотији: остана без двајцата родители и јавно зборуваше за борбата со коцкањето, проблем кој, како што вели, успеал да го надмине благодарение на музиката и на својот ментор, Ѓорѓе Давид.
Во неодамнешна исповед тој се потсети и на еден од најтешките моменти — последната средба со неговата мајка во Словенија во 2021 година. Ветувањето што ѝ го дал тогаш стана негов најголем мотив никогаш да не се откаже од пеењето.
Со новото тетовирање, Илиевски јавно ја потврдува својата порака: музиката е единственото нешто што никој не може да му го одземе.
Фото: прес-материјал од настанот