Бојан Илиевски запеа на свадба, гости го покрија со бакшиш и пари
На свадба Бојан Илиевски беше награден со големи бакшиши — гости му ги ставаа парите дури и на челото додека пееше.

Победникот од „Ѕвездите на Гранд“, Бојан Илиевски, на својот Instagram-профил сподели видео од свадбена веселба во која се гледа како гостите го наградуваат со бакшиш додека пее.
На снимката се гледа дека пари летaат од сите страни — толку многу што Илиевски не може да ги држи во рацете, а дел од гостите дури ставија пари и на неговото чело, што не му пречеше да продолжи да пее.
Енергија и благодарност од публиката
Во клипот се гледаат гости насобрани околу пејачот како му нарачуваат песни и го бодрат, додека тој им возвраќа со емотивни изведби. Видеото ја прикажува атмосферата што Илиевски умеe да ја создаде каде и да настапи.
Илиевски неодамна го прослави својот 27. роденден, а пред неколку дена се појави и на еден настан во придружба на мистериозна девојка, што предизвика шпекулации во јавноста. Тој сам ја спомена дамата пред медиумите пред неколку дена.
Во емисијата „Кафе муабети“ со водителката Виолета П. Периќ, Илиевски зборуваше за тоа каква девојка посакува: "Најважно ми е да има карактер и да има разбирање, да можеме да имаме заеднички јазик и да е добар човек".
Клипот на Instagram дополнително ја потврдува популарноста и сценската енергија на Бојан Илиевски, кои често предизвикуваат бурни реакции кај публиката.
Фото: прес-материјал од настанот


