Почетна
Свет

Бран антивладините протести во Европа: судири во Тирана, Париз и Лисабон

Незадоволство од образованието, високите трошоци и животниот стандард предизвика масовни демонстрации и судири во неколку европски земји.

·Свет
Бран антивладините протести во Европа: судири во Тирана, Париз и Лисабон

Антивладините протести се раширија низ неколку европски престолнини, а делови од градските центри добија тензија што кулминираше со судири меѓу демонстранти и полиција. Во Тирана немирите влегоа во петтиот ден со судири пред Министерството за образование; во Франција илјадници луѓе излегоа на улиците во протести што властите ги опишуваат како едни од најнасилните во последните години; истовремено се одржаа масовни собири и во Лисабон и во неколку белгиски градови.

Солзавец, шок-бомби и водени топови

Во Тирана демонстрантите фрлаа камења и јајца врз полицијата. Властите соопштија дека се приведени околу 500 демонстранти поради кршење излози и палење контејнери и државни објекти, а локалните медиуми јавуваат за десетици повредени и околу 120 полицајци кои побарале лекарска помош.

Причините за протестите во Албанија се незадоволство од образовниот систем, високите трошоци за студирање и слабите можности за вработување; демонстрантите го обвинуваат владеењето за корупција и бараат оставка на премиерот Еди Рама.

„Тука сме за да ги побараме нашите права, студентските права, за сè она што досега ни беше ускратено. Сакаме образовни стандарди какви што има во земјите од ЕУ, бидејќи ништо не е онака како што треба да биде. Сè мора да се промени, почнувајќи од владата, образованието и сите јавни институции“, вели Мерлинда Марко, демонстрантка од Тирана. „Пред сè, премиерот мора да поднесе оставка. Мора да се формира нова влада која ќе понуди подобри услови за студентите“, порача Ленди Лоле, демонстрант од Тирана.

Во Франција демонстрантите во флуоросцентни елеци блокираа улици, палеа контејнери и оштетуваа јавен имот, а полицијата употреби солзавец. Властите регистрираа 140 протести надвор од Париз со над 30.000 учесници, а градското Собрание во Марсеј беше вандализирано. Француските медиуми јавуваат за десетици повредени меѓу демонстрантите, вклучувајќи и тинејџер кој ја загубил дланката од шок-бомба, а министерот за внатрешни работи соопшти дека се повредени повеќе од 900 полицајци.

„Протестираме против сето ова, како и против високите цени на горивата, бидејќи ова денес е за студентите и за сите матуранти кои се излезени на улиците“, рече демонстрант од Париз. Друга демонстрантка реагира: „Ви се молам, кога на некој град ќе му направат долгови, кога државата ви е во дефицит, а нашите банки ќе ни земат 20 евра, ако ни фалат за сметки, без да ни бараат извод за состојба на сметка. Секој пат исто, па… доста ни е, доста ни е.“

Во Лисабон илјадници луѓе маршираа за подобри плати и против зголемените трошоци за живот, изразувајќи незадоволство и од здравствениот систем и од состојбата во државните училишта. „За мене, проблемот е во образованието. Имам деца и гледам ужасна иднина за нив. Здравството е, исто така, ужасно. Сите имаме некој болен во семејството, а тие не ја добиваат потребната помош. Финансиски, владее хаос. Немаме доволно пари за да платиме сè, дочекуваме крај на месецот со празен паричник. Парите одат за гориво, а во супермаркет секој месец оставаме сума за која, сликовито кажано, би можеле да продадеме бубрег. Тоа е срамота, а луѓето веќе дојдоа до крајните граници на издржливост“, рече Ванеса Карвалјо, демонстрантка од Лисабон.

Денешните протести во Белгија донесоа судири уште од утрината помеѓу полицијата и студенти и нивни поддржувачи во Брисел, Андерлехт и Лиеж. Демонстрантите поставија барикади и фрлаа предмети кон полицијата, која возврати со солзавец и водени топови.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи