Почетна
Магазин

Брза чоколадна торта со маскарпоне крем

Едноставен рецепт за една кремаста торта што се прави брзо и се лади во фрижидер.

·Магазин
Брза чоколадна торта со маскарпоне крем

Рецепт за брза и лесна чоколадна торта со една кора и маскарпоне крем — бара минимално време и не бара посебни готвачки вештини.

  • Состојки за кора:
  • 4 јајца
  • 4 лажици шеќер
  • 4 лажици брашно
  • 2 лажици какао
  • 1 прашок за печиво
  • За крем:
  • 500 мл слатка павлака
  • 250 г маскарпоне
  • 100 г шеќер во прав
  • 1 ванилин шеќер
  • За натопување: 100 мл млеко

Подготовка

Јајцата и шеќерот изматете ги со миксер додека смесата не стане светла и пенаста. Потоа полека додајте го брашното, какаото и прашокот за печиво и соединете ги внимателно. Истурете ја смесата во калап обложен со хартија за печење и печете на 180 степени околу 15–20 минути. Оставете кората добро да се олади.

Додека кората се лади, подгответе го кремот: најпрво изматете ја слатката павлака, па во неа додадете маскарпонето, шеќерот во прав и ванилиниот шеќер. Кратко измешајте додека не добиете цврст и мазен крем. Оладената кора благо натопете ја со 100 мл млеко, распоредете го кремот по врвот и израмнете.

Ставете ја тортата во фрижидер најмалку два до три часа, а најдобро преку ноќ за да се стегне кремот и вкусот да се развие. По желба декорирајте со рендано чоколадо, какао, свежо овошје или чоколадни трошки. И да, превкусна е!

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи