Почетна
Магазин

Цеца: Немам намера повторно да се омажам, сакам зрел маж

Пејачката вели дека формалниот брак ѝ ништо не значи, но јасно ги дефинира условите за евентуална врска.

·Магазин
Цеца: Немам намера повторно да се омажам, сакам зрел маж

Пејачката Цеца Раžнатовиќ отворено зборуваше за својот емотивен статус и рече дека моментално ужива во самотијата и не планира повторно да се омажи.

За односот кон бракот таа јасно истакна: „Ма, нека се жени и мажи кој сака… Хартијата ништо не ми значи и мислам дека никогаш повеќе нема да се омажам.“

Цеца објасни дека нема момче и дека ужива во слободата да патува и да се враќа дома кога сака. „Немам момче и немам намера да имам! Одам каде што сакам и се враќам дома кога сакам. Да живее слободата! Најсреќна сум кога немам партнер покрај себе. Ме фрустрира постојано да му се јавувам на некого. Конечно живеам како што сакам, а тоа е постојано да патувам и да уживам.“

Услови за врска

Таа ги наброја и квалитетите кои би биле пресудни за да ја освои маж: зрелост, почит и јасни очекувања помеѓу парнерите. „Љубовта за мене е компромис, почит и уважување. Партнерите треба да се пронајдат, да бидат зрели и јасно да знаат што сакаат еден од друг. Љубовта е двонасочна улица, ќе добиете онолку колку што давате. На крајот, важна е и хемијата. Мора да постои и привлечност.“

Таа се присети и на еден екстремен обид на маж да ѝ се приближи: „Еден се обиде да ја прескокне оградата од мојата куќа за да ми изјави љубов, но не сакам да зборувам за такви психопати.“

Пред една недела Цеца доживеа емотивен момент во музичката емисија Zvezde Granda, кога македонскиот победник Бојан Илиевски се врати како гостин и ја премиерно изведе новата песна Опраштам. Настапот го проследи громогласен аплауз, а Бојан ѝ упати зборови на благодарност на својата прва менторка: „Сакам да кажам нешто и за мојот прв ментор, Цеца. Веројатно сум ви многу благодарен. Цеца беше првата личност која ми ги отвори вратите и патот во ова натпреварување. Ти благодарам, Цецо, од срце!“ Цеца слезе на сцената и го прегрна победникот.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи