Почетна
Македонија

Цените растат: просечна кошничка 59.150, синдикална 71.000 денари

Владата и синдикатите објавуваат различни пресметки додека компаниите најавуваат поскапувања на храната пред празниците.

·Македонија
Цените растат: просечна кошничка 59.150, синдикална 71.000 денари

Математиката на крајот од месецот за голем дел од граѓаните одамна не се поклопува, а новите пресметки само го потврдуваат она што секојдневно го чувствуваме на каса. И владината просечна и синдикалната минимална потрошувачка кошничка бележат нов раст – државата изброја околу 59.150 денари, додека според ССМ за основните трошоци на четиричлено семејство се потребни речиси 71 илјада денари, а со кирија – и над 86 илјади.

Синдикатите бараат итен раст на минималецот на најмалку 600 евра, а партиите се препукуваат околу методологиите за пресметка. Во меѓувреме, бизнисот предупредува на повисоки цени на месото, јајцата и лебот во пресрет на празниците, поради поскапените енергенси и суровини.

Како ќе влијае на семејниот буџет?

Владата уверува дека инфлацијата е под контрола, а Министерството за економија најавува засилени инспекции низ целиот синџир со цел да се спречи вештачко пумпање на маржите.

За граѓанинот не е важно чија статистика е поточна, туку како да се издржи од први до први. Растот на цените на основните прехранбени производи веднаш го зголемува притисокот врз веќе испразнетите семејни буџети и ја засилува политичката тензија околу економските мерки.

АНКЕТА: Дали вашиот семеен буџет може да го издржи новиот бран поскапувања на храната? Да/Не

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи