Почетна
Политика

Чилиманов: ЛДП бара експресна постапка за парите од Државна лотарија и споредба со случајот „Груби“

Илија Чилиманов: Јавното обвинителство да покаже дека не подлегнува на политички притисоци и да постапи според член 353 од КЗ.

·Политика
Чилиманов: ЛДП бара експресна постапка за парите од Државна лотарија и споредба со случајот „Груби“

Либерално-демократската партија (ЛДП) повикува Јавното обвинителство веднаш да отвори експресна постапка за трошењето поврзано со прославата на независноста во 2026 година и да покаже дека има кадри кои не подлегнуваат на политички притисоци.

Чилиманов бара споредба со случајот „Груби“ и применување на член 353 од КЗ

„ЛДП бара јавното обвинителство да покаже дека има способни кадри кои не подлегнуваат на политички притисоци и веднаш да отвори постапка поврзана со трошењето пари од државна лотарија“, изјави Илија Чилиманов, правник и член на Извршниот одбор на ЛДП.

Според Чилиманов, треба да се испита дали не станува збор за истиот модус операнди како во предметот против Артан Груби, кога, како што рече, претходната гарнитура ги заобиколувала одредбите од Законот за трговските друштва и со заклучоци на Владата наложила на Државна лотарија да преземе финансиски обврски во износ од 8,3 милиони евра.

Тој додава дека на ист начин, со начинот на кој се извлекле средства за прославата на независноста во 2026 година, актуелниот премиер, генералниот секретар на Владата и директорот на Државна лотарија постапиле идентично: донеле заклучоци со кои парите од нераспределената добивка биле пренасочени надвор од државниот буџет.

„Па кога веќе јавното обвинителство го гони Груби според тој член, има законска основа да поведе постапки против актуелните функционери. Доколку прераспределбата на средства е направена без одлука од Собранието на акционери, со ист криминален модел, Државната лотарија повторно се користи како приватна партиска каса и вонбуџетски фонд за да се изиграат одредбите од Законот за буџет и редовните процедури, а милионски суми да завршат кај претходно договорени приватни субјекти“, рече Чилиманов.

ЛДП потсети дека гласно реагираше на штетните измени на Кривичниот законик направени во септември 2023 година и нагласи дека кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластување е предвидено и казниво со Кривичниот законик.

Чилиманов посочи дека Државната комисија за спречување на корупцијата ја послушала ЛДП и веќе отвори предмет по допрен глас. „Сега, заедно со граѓаните, бараме Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, исто така по допрен глас, брзо како и ДКСК да поведе постапка во која ќе обезбеди соодветни докази покрај другите и заклучоците од Владата и склучените договори. На тој начин, конечно ќе се покаже дека Јавното обвинителство ѝ служи на правдата, а не е само институционален штит на новата елита. Граѓаните на Македонија заслужуваат правда исто како и елитата, можеби и повеќе“, заклучи Чилиманов.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи