Почетна
Магазин

Читател ја објави сметката од Малешевски Мерак во Аеродром: две ребра и пијалаци за 1500 денари

Фотографии од оброкот и сметката пристигнаа на официјалната Facebook-страница; посетителот го пофали домаќинскиот амбиент и вкусот на реброто.

·Магазин
Читател ја објави сметката од Малешевски Мерак во Аеродром: две ребра и пијалаци за 1500 денари

Читател ни испрати фотографии од оброк и од сметката по посетата на ресторанот „Малешевски мерак“, кој се наоѓа во трговскиот центар Бисер во Аеродром, Скопје. На сметката која пристигна на сликите стои вкупно 1500 денари за две печени ребра и неколку пијалаци.

Домаќински вкус и скромна сметка

Пораката пристигна на нашата официјална Facebook-страница со придружни фотографии од храната и од печатениот фискален документ. Испраќачот нагласи дека, и покрај поскапувањето на храната во многу локали, сè уште постојат места каде цените и деловите изгледаат разумно, а храната е вкусна.

Во неговите зборови: „Бидејќи често со пријателите знаеме да појдеме на ќебапи у маало, овој пат случајно се најдов во населбата Аеродром, и со еден пријател завршивме во ова интересно кафанче. Местото не е големо, но зрачи со домаќинска атмосфера, и се наоѓа веднаш на самиот влез во трговскиот, но од споредната страна“.

За јадењето, читателот вели: „Пријателот ми препорача дека морам да го пробам печеното ребро во фурна, и навистина, беше урнебесно добро“.

За сметката, тој додава: „На крајот бев изненаден и од сметката, така што навистина на секој би му го препорачал ова место за домаќински ручек или вечера. Секако доколку не ги броите калориите и не сте вегетаријанци, па така за две ребра, две шишенца црно вино Александрија и две пива, ќе платите некаде околу 1500 денари, како што може да видите и сами од сметката“ — а во прилог беа и фотографии од чиниите и фискалниот документ.

Текстот првично е објавен во ноември 2025 година и го реобјавуваме како потсетник.

Фото: Малешевски мерак, Гламур

Поврзани написи