Почетна
Балкан

Црвено знаме на плажа во Тиват поради ешерихија коли и ентерококи

Анализите од 18, 21 и 24 август покажаа присуство на ешерихија коли и цревни ентерококи над дозволеното; црвено знаме означува забрана за капење.

·Балкан
Црвено знаме на плажа во Тиват поради ешерихија коли и ентерококи

Кадење на плажа „Долна Ластва 1“ во Тиват е привремено забрането откако анализите на морската вода покажаа дека не ги исполнува пропишаните стандарди за квалитет.

Јавното претпријатие за управување со морското добро на Црна Гора соопшти дека редовните анализи биле извршени на 18 август, а дополнителни вонредни примероци биле земени на 21 и 24 август.

Резултатите од лабораториските испитувања покажале зголемено присуство на индикаторски бактерии, меѓу кои ешерихија коли и цревни ентерококи, кои ја надминуваат дозволената гранична вредност утврдена со правилникот за квалитет на водата за капење.

Црвено знаме и правила за забрана

По добивањето на резултатите, контролорот на претпријатието го известил корисникот на плажата 4Б во Долна Ластва и му наложил да постави црвено знаме, со што официјално е означена забрана за капење. Забраната ќе важи додека повторните анализи не покажат дека водата ги исполнува пропишаните параметри.

Во меѓувреме, од Јавното претпријатие побарале од Институтот за биологија на морето да спроведе дополнителни вонредни земања примероци и детални анализи за да се следи состојбата и да се утврди кога мерката може да се укине.

Надлежните потврдуваат дека мерката ќе остане на сила сè додека не се добијат резултати кои ќе покажат дека водата на оваа локација е безбедна за капење.

Инаку, локалните извештаи забележуваат дека плажите во Милочер оваа сезона се речиси празни, а најемот на чадор и лежалка таму е објавен и до 240 евра.

Фото: Google Maps / Srdjan Antic

Поврзани написи