Почетна
Спорт

Цвитановиќ не сака, спасот за Вардар е црногорецот Божовиќ

По „НЕ“ на Цвитановиќ, Вардар останува со дел од помошниците и ги разгледува опциите со Божовиќ

·Спорт
Цвитановиќ не сака, спасот за Вардар е црногорецот Божовиќ

Можноста Марио Цвитановиќ да седне на клупата на Вардар отпадна уште во првите 48 часа по информациите дека тренерот од Хрватска бил во контакти за да го преземе македонскиот првак.

Од информации до кои дојде клубот, Цвитановиќ се распрашувал кај познаници од земјава и по тие разговори одлуката се сведе на едно големо „НЕ“. Со неговото одбивање, Вардар останува делумно воден од група помошници кои останаа по заминувањето на фалениот Кристијан Фабијани — факт што ја отсликува сегашната организациска нестабилност во клубот.

Во фокусот — Миодраг „Гроф“ Божовиќ

Сега главната опција за нов тренер е Миодраг „Гроф“ Божовиќ, црногорски стратег што беше меѓу кандидатите на „црвено-црните“ уште пред две години и има долга и разноврсна тренерска кариера.

Во текот на својата кариера Божовиќ бил на клупата на дури 23 клубови. Последен пат го предводеше составот на Будуќност, каде што остана само неколку месеци. На својот пат како тренер работел со Црвена Звезда, Борац Чачак, Пафос и Естегал, а најмногу работел во Русија, каде што ги предводел Локомотив, Ростов, Амкар и Динамо Москва.

Клубот итно има потреба од нов прв тренер, а Божовиќ е сметан за солидна опција — иако во јавноста останува и таа црногорска „лузерска“ врска која некои ја наведуваат како еден од факторите што придонесоа за актуелниот хаос во клубот.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи