Д-р Фадил Цана: Уште еден пациент почина од западно‑нилска треска, 73‑годишник од Ново Лисиче
Уште еден смртен случај, вкупно пет; 21 хоспитализиран, 18 со потврдена невроинвазивна форма.

Д-р Фадил Цана, директор на Инфективна клиника во Скопје, соопшти дека уште еден пациент починал од западнонилска треска, со што вкупниот број на починати се зголеми на пет.
Починатиот е 73-годишен пациент од скопско Ново Лисиче, кој дошол со тешка клиничка слика и повеќе сериозни придружни заболувања што придонеле за неповолен исход.
Состојба и бројки
Според Цана, заклучно со денеска, на Клиниката се хоспитализирани 21 пациент: 18 од нив имаат потврдена инфекција со вирусот и невроинвазивна форма, додека тројца пациенти се сметаат за суспектни случаи.
Регистрирани се случаи во неколку скопски населби, меѓу кои Ценатр и Чаир; дел од граѓаните со кои разговаравме кажуваат дека на различен начин се справуваат со проблемот и дека не даваат поголемо значење на состојбата со комарците.
Најмладиот пациент е 25-годишна девојка.
Министерот за здравство, Сашо Клековски, информираше дека Агенцијата за храна и ветеринарство ја потврди првата мртва птица со западнонилска треска во Скопје, што ќе помогне во насочувањето на надзорните и мерките за контрола на векторите.
Фото: прес-материјал од настанот