Даниела Алексовска и Марко Трајановски ќе ја претставуваат Македонија на FNC 34 во Скопје
Двајцата млади борци ќе настапат на 24 октомври во Спортскиот центар „Т Арена“ пред околу 8.000 гледачи; во главна борба: Лом-Али Ескиев – Марко Бојковиќ.

Скопје, 8 октомври 2026 — Македонската ММА Федерација потврдува дека Даниела Алексовска и Марко Трајановски ќе ја претставуваат Македонија на FNC 34, првиот настан на Fight Nation Championship што се одржува во земјата. Најавениот карад е закажан за сабота, 24 октомври 2026 година, во Спортскиот центар „Т Арена/Борис Трајковски“ во Скопје, со почеток во 19:00 пред публика од околу 8.000 гледачи и со директен пренос преку FNC.tv за гледачи во Европа.
Млади стипендиенти на голема европска организација
Даниела Алексовска, прогласена за Млада спортистка на Македонија за 2025 година, доаѓа со значајни меѓународни резултати: бронзен медал од Светското ММА првенство во Тбилиси 2025 и полуфиналистички пласман на Светското првенство во Ташкент 2024. Од нејзините девет победи, шест се со субмисија. Нейна противничка на FNC 34 ќе биде Мина Хаѕопулу од Грција.
Марко Трајановски во февруари 2025 стана првиот Македонец што освои злато на Европското ММА првенство во Белград — триумф постигнат со победи над претставници на Романија, Бугарија, Украина и Италија во финалето; титулата ја освои на само 16 години. Неговиот противник ќе биде Лука Лаиновиќ од Црна Гора.
Двајцата имаат и силна домашна поддршка поради доминантните настапи на ARMMADA 14 во септември 2025 во Скопје, каде што забележаа убедливи победи пред преполна сала во С.Ц. „Јане Сандански“.
„Пред три години Македонија првпат излезе на светската ММА сцена. Денес најголемата европска организација доаѓа кај нас, а во кафезот влегуваат наши деца со светски и европски медали на вратот. Ова не е случајност — ова е резултат на работа, систем и верба во македонскиот спортист“, изјави Ивица Алексовски, претседател на Македонската ММА Федерација, кој игра голема улога во самото пристигање на ваква огранизација како што е ФНЦ во Македонија.
Дојдовнието на FNC во Скопје е резултат на договор меѓу FNC, Министерството за спорт и Македонската ММА Федерација. Федерацијата ги повикува сите љубители на спортот да ја наполнат салата на 24 октомври и да покажат дека македонската публика е значајна домашна предност за нашите борци.
Фото: прес-материјал од настанот


