Давор Арџик се фотографираше со Новак Ѓоковиќ во Белград
Младиот пејач сподели спонтанa слика од средба во белградски хотел и го опиша моментот на Инстаграм.

Младиот македонски пејач Давор Арџик ги изненади своите следбеници со спонтанa фотографија со Новак Ѓоковиќ направена во хотел во Белград.
Арџик ја објави сликата на Инстаграм со краток и духовит опис: „Одам рандом да пијам кафе низ град и налетувам на Новак.“ На фотографијата се гледа Ѓоковиќ во лежерно издание, со тренерки, насмевнат и без двоумење прифаќајќи да се фотографира.
Пораката брзо привлече внимание на социјалните мрежи — фановите го поздравија средбата и ја пофалија опуштеноста на моментот, објавен од профилот @davorardzik.
Кој е Давор Арџик?
Давор е дел од македонското музичко дуо „Браќа Арџик“, заедно со својот брат близнак Давид Арџик. Јавноста ги запозна преку првата сезона на IDJ Show, каде нивен ментор беше Дарко Димитров; настапуваше и како дел од квартетот 4YU, а се натпреваруваше и во Звездите на Гранд.
Во последниот период неговото име често се појавуваше во медиумите поради заеднички појавувања и соработки со шоуменот Бојан Јовановски – Боки 13, со кого сними и песна. За шпекулациите околу нивниот однос Давор порано во изјава за Хајп рече дека, како шега, Боки истакнал дека „можел да го роди“, и дека меѓу нив нема ништо повеќе од она што е кажано. Тој додаде дека коментарите не му пречат: „Нека коментира кој што сака, битно е да се коментира."
Фото: прес-материјал од настанот


