Де ла Фуенте: Трамп ми рече дека ја заслужувам „Златната топка“
Селекторот ги опиша зборовите на Трамп по славјето и предупреди дека ФИФА треба да остане независна.

Селекторот на шпанската репрезентација, Луис де ла Фуенте, раскажа забавна сцена од својата средба со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, веднаш по финалето против Аргентина во кое Шпанија го освои Светското првенство.
Во гостувањето во емисијата „Ел Хормигеро“ на „Антена 3“, Де ла Фуенте опиша како по доделувањето на трофејот добил комплимент од американскиот претседател, но дека јазичната бариера го оставила со насмеана неизвесност за целата порака.
„Ми рече дека ја заслужувам Златната топка. Додаде уште нешто, но јас сè уште учам англиски. За секој случај, одговорив: „Ви благодарам многу“, селекторот низ смеа.
Фудбалот треба да одлучува сам за себе
Покрај анегдотата, селекторот се осврна и на тврдењата дека Трамп наводно се обидел да се вмеша во одлуките на ФИФА за да биде поништен црвениот картон на американскиот играч Балогун. Де ла Фуенте јасно истакна дека спортот мора да остане ослободен од надворешни притисоци.
„Фудбалот мора да донесува свои одлуки, без оглед на тоа што велат надворешните фактори. ФИФА не смее да дозволи да биде под влијание на никого“, рече Де ла Фуенте, повторувајќи дека дисциплинските прашања треба да ги решаваат спортските институции.
Фото: прес-материјал од настанот


