Почетна
Македонија

Децата-жртви живеат во постојан страв и чувство на немоќ, експертите со апел за брза реакција од институциите

Експертите бараат национален координиран систем за заштита за да децата безбедно пријавуваат злоупотреба.

·Македонија
Децата-жртви живеат во постојан страв и чувство на немоќ, експертите со апел за брза реакција од институциите

Дигиталниот простор во земјава сè почесто се користи за сексуално насилство, уцени, вознемирување и злоупотреба на малолетници, предупредија експертите, додавајќи дека експлицитни содржини со вклучени деца се креираат и споделуваат додека жртвите често остануваат сами и исплашени.

Потребен национален, координиран систем за заштита

Од Детската амбасада „Меѓаши“ посочија дека е неопходен координиран национален систем што ќе ги обедини институциите и ќе им овозможи на децата безбедно и доверливо да пријавуваат злоупотреба, со оглед што голем дел од случаите никогаш не стигнуваат до институциите.

– Менталното здравје во моментот во последните неколку години е сериозен предизвик со кои се соочуваат децата. Значи имаме дојкави каде децата се соочуваат со суицидни мисли. Не можеме да збориме само за достапност и за одредена проблематика. Исто така насилството помеѓу децата, врсничкото насилство, булингот е нешто на што во следниот период ќе мора многу сериозно да се работи заеднички, изјави Жарко Змијанац директор на детстката амбасада Меѓаши.

Во Скопје се регистрираат голем број случаи; загрижува и фактот што и сторителите и жртвите често се деца, а најголем дел од жртвите се девојчиња. Од Обвинителството предупредуваат дека дигиталното насилство може да содржи елементи на сериозни кривични дела и дека се потребни брзи постапки, ефикасно обезбедување докази и гарантирање заштита на децата во текот на целата постапка.

– Неговото однесување во училиште исто така треба да биде сигнал за педагозите, психоолозите, наставниците за да навремено се обезбедат сите оние докази кои што понатаму ќе бидат потребни за да се реализира една постапка која што ќе заврши не само со конкретни мерки и последици кон ликот кој штоп се јавува како сторител на ова кривично дело туку првенствено да има улога на праќање на порака на сите останати дека ова не е така беззлено дека ова не е третирано како еден вид детска игра туку има сериозност и има последици, вели Спасена Андонова јавна обвинителка во Јавно обвинителство- Скопје.

Долгорочните последици од дигиталната злоупотреба ги илустрираше и случајот „Јавна соба“, во кој одговорност беше утврдена и кај администраторите на групата што овозможиле содржини со сексуална злоупотреба на дете да бидат достапни за други членови.

– Во овој случај иако обвинителството се имаше обратено до апликацијата телеграм за добивање на податоци но не беше воопшто дбиен таков одговор, велам за среќа од причина што во предметот имаше навистина доволно докази со кои што ете советот, судот утврди дека во дејствијата кои што ги превземале односно со непревземањето на дејствија беа содржани елементите на кривичното дело кое што им се ставаше на товар заради што беа огласени за виновни и осудени на казна затвор во траење од по четири години, вели Билјана Коцевска судијка во Основен Кривичен суд.

На дебатата што се одржа во Собранието по повод светскиот ден за спречување и заздравување од сексуална експлоатација, злоупотреба и насилство врз деца, претставниците на засегнатите институции порачаа дека молчењето не смее да биде единствена опција — децата треба да знаат дека имаат каде да се обратат и дека не се сами.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи