Дефиниран системот и потврдени групите: Првата македонска лига подготвена за новата сезона
Клубовите и федерацијата ги финализираа системот, извлекоа двојки и ги утврдија датумите за почеток на натпреварувањето

Кошаркарската федерација на Македонија и клубовите од Првата македонска лига ги завршија почетните активности за организацијата на сезоната 2026/2027: усвоен е системот, потврдени се групите и извлечени се двојките за првото коло.
На работниот состанок беа разгледани календарот и подготовките за стартот на сезоната, која е предвидена да започне на 10 октомври 2026 година. Со ждрепката беа одредени и паровите за првото коло.
Група „А“ — 1. коло
- Борец Баскет – Ангели
- ИБА Скопје – Водно Санс
- Младинец – Црн Дрим
- Феникс 2010 – Мега Баскет
Група „Б“ — 1. коло
- Гостивар – Тетекс ТТК
- Овче Поле – Охрид
- Гевгелија – Вардар
- Екипата на Бутел ќе биде слободна во првото коло.
Систем на натпреварување
Во првата фаза е предвидена двокружна игра по принципот „секој со секого“ во рамките на групите. По завршувањето на оваа фаза, четирите најдобро пласирани екипи од двете групи ќе продолжат во ТОП 8, при што ќе се пренесуваат резултатите од меѓусебните натпревари од првата фаза.
Екипите кои ќе го заземат петтото до осмото место во своите групи ќе влезат во Плеј-аут фазата, каде ќе се води борба за опстанок. На крајот на сезоната, најдобро пласираната екипа ќе обезбеди пласман во Суперлигата, додека последнопласираната екипа од Лигата за опстанок ќе го загуби прволигашкиот статус.
Клубовите веќе влегуваат во завршната фаза од подготовките, а работниот состанок ја потврди важноста на отворената комуникација и соработката меѓу КФМ и клубовите за подобра организација и развој на македонската клупска кошарка.
Истовремено, КФМ одржа ждрепка и за Втората лига – жени. Женската конкуренција ќе стартува на 17 октомври 2026 година, а паровите за првото коло се:
- Гостивар – Шкупи
- Охрид – Тим Арена
- Спорт Тим – Струга 2009
Фото: прес-материјал од настанот


