Дејан Бодирога поднесе оставка од пратеничката функција, ќе се вклучи во претседателската кампања
Бодирога ја напушта пратеничката позиција поради професионални обврски и најави вклучување во претседателската кампања на Радомир Саичиќ.

Легендарниот српски кошаркар и сегашен претседател на Евролигата, Дејан Бодирога, поднесе оставка од функцијата народен пратеник во Собранието на Србија. Тој беше избран преку Студентската листа.
Оставката ќе се разгледува на 30 ноември 2026 година
Од Студентското движење информираа дека Бодирога се повлекува поради бројните професионални обврски кои не му дозволуваат целосно да се посвети на пратеничката работа. Надлежниот собраниски одбор ќе ја разгледа неговата оставка на седница закажана за понеделник, 30 ноември 2026 година.
Сепак, заминувањето од Собранието не значи повлекување од политиката. Бодирога најавил поддршка за академикот Радомир Саичиќ, кандидатот на студентите за претседател на Србија, и активно вклучување во неговата изборна кампања.
Во своето обраќање Бодирога посочил дека уште при прифаќањето на кандидатурата ги известил студентите дека поради професионалните обврски нема да може целосно да се посвети на пратеничката работа и дека најодговорно е да го отстапи местото на луѓе кои ќе имаат повеќе време да придонесат во работата на парламентот и во исполнувањето на ветувањата дадени пред граѓаните.
Бодирога беше на високото 21. место на Студентската листа. Во последниот период неговото име се поврзуваше и со можно кандидатство за претседател, како и како потенцијален ид Министeр за спорт, но засега нема официјална потврда за министерски ангажман.
Покрај Бодирога, оставки поднесоа и Марко Кораќ од листата на Александар Вучиќ и Џенан Паламар од листата на Расим Љајиќ.
Дејан Бодирога важи за еден од најуспешните европски кошаркари: има освоено две светски и три европски првенства, три титули во Евролигата и сребрен олимписки медал на Игрите во Атланта во 1996 година. Од 2022 година е претседател на Евролигата.
Фото: прес-материјал од настанот


