Дејан Шошкиќ како можен кандидат за премиер по победата на Студентска листа
Поранешниот гувернер е именуван како главен избор по победата на студентите, но движењето сè уште не ја потврди номинацијата.

Економистот и поранешен гувернер на Народната банка на Србија, Дејан Шошкиќ, се спомнува како најсериозен кандидат за нов премиер по победата на предвремените парламентарни избори на „Студентска листа – Студентите победуваат“, иако движењето сè уште не ја потврдило неговата номинација.
Пред изборите Шошкиќ лично ги отфрли тврдењата дека би можел да стане премиер и изјави дека составот на новата влада ќе се договара по евентуалната победа. "Јас сум само кландидат за пратеник", рече во таа прилика Шошкиќ .
Кампањски напади, позиција на листата и првични реакции
За време на кампањата поранешниот српски претседател Александар Вучиќ на собир во Белградската арена го претстави Шошкиќ како скриен фаворит на студентите и го обвини за пљачкање на државата и уништување на динарот. Според српските медиуми, Шошкиќ е на 27-то место на листата со 250 кандидати.
По затворањето на избирачките места, Шошкиќ на прес-конференција во име на „Студентска листа“ ги повика граѓаните на мирно славење и ја изрази благодарноста до гласачите за укажаната доверба.
Во интервју за неделникот Време, Шошкиќ најави дека новата власт, доколку студентите формираат влада, ќе ги промени „лошите кадри“, ќе донесе закон за лустрација и ќе истражи потекло на имотот на функционерите. Тој рече дека транзицијата на власта може да се спроведе без поголеми проблеми и дека новата власт ќе ги забрза реформите за пристапување во Европската Унија, а конечната одлука за тоа според него ќе ја донесат граѓаните на референдум.
Во Србија премиерот се избира од Собранието по политички договор и официјален предлог на кандидатот.
Фото: прес-материјал од настанот


