Дел од ракета на SpaceX се судри со Месечината, потврдија опсерватории
Опсерваториите во Паранал и ЕСО регистрирале блесоци и спектрални траги од натриум и литиум

Залутано парче од ракета на „СпејсЕкс“ се судрило со Месечината додека се движело во орбитата со брзина од околу 8.690 километри на час, потврдија две опсерватории. Станува збор за горниот, потрошен дел од вселенското летало „Фалкон 9“.
Делот е со големина на петкатна зграда и тежи најмалку четири тони
Описите велат дека горниот степен бил приближно со големина на петкатна зграда и имал маса од најмалку четири тони. Судирот предизвика краткотраен блесок, кој беше регистриран од наземни телескопи, а не од кое било летало веќе во орбитата околу Месечината.
Ниту едно од неколкуте вселенски летала што кружат околу Месечината не било позиционирано така да направи снимки од ударот во крупен план. Сепак, опсерваторијата „Паранал“ во Чиле и Големиот телескоп на Европската јужна опсерваторија (ЕСО) откриле блесоци светлина поврзани со ударот.
“ Можеме да потврдиме дека телескопот открил спектрални линии на натриум и литиумски гас во облакот од ударот, што постоел 5-10 минути“, изјави портпарол на ЕСО.
Набљудувањата на натриумските и литиумските линии во облакот од судирот даваат поттик за понатамошни анализи за тоа како високо-брзинските судири ги менуваат хемиските и физичките карактеристики на површината на Месечината. Истражувачите ќе продолжат со обработка на податоците за попрецизно опишување на настанот.
Фото: АП)