Почетна
Македонија

Делови од Дебар соочени со недостиг на вода, ЈКП „Стандард“ апелира на рационална потрошувачка

ЈКП „Стандард“ известува дека рестрикциите воведени во јули се проширени во некои населби поради продлабочување на проблемите со снабдувањето.

·Македонија
Делови од Дебар соочени со недостиг на вода, ЈКП „Стандард“ апелира на рационална потрошувачка

Делови од Дебар се соочуваат со недостиг на вода за пиење, поради што Јавното комунално претпријатие „Стандард“ апелира до жителите да ја користат водата само за неопходни потреби.

Од претпријатието велат дека нивните екипи во континуитет работат на стабилизирање на водоснабдувањето, но дека состојбата се влошува и им е потребна соработка од граѓаните. "Целосно го разбираме незадоволството и тешкотиите што оваа состојба ги предизвикува, но сите заедно треба да помогнеме во оваа ситуација. Од први јули воведовме четири, а потоа и петчасовна рестрикција, во населбите Венец 1, Венец 2, Тараник и Ќернаница, но проблемот станува сè посериозен, бидејќи во делови на градот вода нема и повеќе часови, посебно во повиоските катови на станбените згради", велат од ЈКП „Стандард".

Препораки и ограничувања

Претпријатието нагласува дека секоја употреба на вода која не е од суштинска потреба се смета за злоупотреба и замолува граѓаните да не ја користат водата за активности што трошат големи количества вода.

Посебно, од ЈКП „Стандард" ги повикуваат жителите да ја избегнуваат употребата на вода за наводнување, полнење базени и миење дворови и тротоари. Додаваат дека секој заштеден литар помага повеќе семејства да имаат пристап до вода за пиење во овој период.

Екипите на претпријатието продолжуваат да вршат интервенции и други мерки за што побрзо подобрување на состојбата, а граѓаните ги молат на трпение и солидарност додека се работи на системот.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи